Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Од:

Возач усмртил куче кое поминувало улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка. Случајот во неготинската полиција го пријавила кавадарчанката, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во ОВР – Неготино, 33-годишната В.М. од Кавадарци пријавила дека, додека се движеле по улица „Маршал Тито“ во Неготино заедно со нејзината малолетна ќерка и нивното куче и се обиделе да ја преминат улицата, патничко возило удрило во кучето и го усмртило, по што заминало од местото, соопштија од СВР – Велес.

Додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски