Возач удрил во пешак во село Карбинци и побегнал

Од:

Возач во селото Карбинци удрил во пешак и избегал од местото на несреќата. Според соопштението на СВР-Штип, настанот се случил вчера на регионалниот пат во село Карбинци, кога непознато патничко возило удило во 40-годишната Н.П, жител на село Карбинци.

По несреќата, Н.П била пренесена во штипската Клиничка болница, каде лекарите констатирале телесни повреди. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициска станица Штип.

Полоцијата трага и по возачот, кој наместо да и помогне на повредената жена, избегал од местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски