Возач со повреди на ребрата откако се преврте со возилото на булевар во Тетово

Од:

Триесет и осумгодишник од Фалише се превретел со возило на булеварот „Илирија“ во Тетово вчера околу 22:20 часот по што добил скршеници на ребрата. Тој бил сам во возилото, а нема други повредени во инцидентот случен на фрекфретната сообраќајница во градот.

– Возачот управувал патничко моторно возило „Пежо 206“ со тетовски регистертески таблици по што загубил контрола и се превртел на покрив. Од излетувањето и превртувањето добил тешки повреди на ребрата. Бил пренесен во тетовската клиничка болница каде е задржан на лекување, иформира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку, статистичката анлиза на Секторот за внатрешни работи Тетово бележи дека изминатите шест месеци од оваа година во Тетовскиот регион вкупно откриле и соодветно санкционирале 9125 сообраќајни прекршоци, додека вкупниот број на контролирани возила во овој период изнесувал 27.717. Откриените сообраќајни прекршоци заокружени се со 4593 мандатни, 2679 прекршочни плaтни налози, како и со 1923 писмени опомени, а времено биле одземени 292 возачки и 315 сообраќајни дозволи.

Би можело да ве интересира

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопското село Мојанци