Возач на вилушкар се превртел на регионалниот пат Штип-Кочани

Од:

На регионалниот пат Штип-Кочани во штипското село Чардаклија на коловоната лента се превртел возач на машина вилушкар.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека станува збор за лице на возраст од 38 години, кое со тешки телесни повреди е хоспитализирано на штипската Клиничка болница.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека возачот е примен и по направените прегледи, поради тешките телесни повреди ќе биде транспортиран во Клинички ценатр-Скопје.

Несреќата во Полициска станица-Штип е пријавена во 12.10 часот. Сообраќајот на регионалниот пат Штип-Кочани се одвива нормално и во двете насоки

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он