Возач на македонски автобус повреден во сообраќајка во Австрија

Од:

Возач на автобус од Македонија е повреден во сообраќајна несреќа при судир со автомобил што се случила синоќа околу 22 часот во близина на Шлиeрбах, Австрија.

Станува збор за автобус на македонскиот превозник „Насир Турс“ кој сообраќал од Хамбург за Македонија. За МИА од „Насир Турс“ потврдија дека 40-годишниот возач се здобил со повреди и е пренесен во австриска болница. Во моментот на несреќата во автобусот се превезувале 28 патници, кои не се повредени и го продолжиле патот со друг автобус.

Во сообраќајната несреќа покрај автобусот учествувале уште три возила.

Според локалните медиуми, во сообраќајката загинал сопатникот во автомобилот 25-годишен маж, возачот на автомобилот е тешко повреден, а полесно се повредени уште три лица.

Според првичните сознанија на полицијата, до несреќата дошло кога автомобилот преминал на спротивната коловизмана лента и директно се судрил со автобусот.

Фото: nachrichten.at

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени