Возач на камион со дрва повредил полицаец во обид да избега

Од:

Полицаец од Секторот за внатрешни работи Велес ноќеска во село Оризари бил повреден од товарно возило управувано од Н.А. (43) од село Бузалково, кој превезувал дрва и не застанал на дадениот знак од полицијата.

Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, двајца полицајци од СВР Велес во рамки на активности за откривање и спречување бесправно сечење дрва, ноќеска околу 1 часот во село Оризари се обиделе да го сопрат товарното моторно возило натоварено со дрва кое го возел Н.А..

– Возачот на даден знак не застанал и се обидел да избега со возилото, стартувајќи го со голема брзина во правец кон полициските службеници. Со намера да го сопрат, тие од огнено оружје испукале неколку истрели во гумите од возилото, при што Н.А. со возилото удрил во еден од полицајците. Повредениот полицаец е пренесен во Медицинскиот центар Велес каде му е констатирана телесна повреда, а потоа е пуштен на домашно лекување. Н.А. е приведен и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он