А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Воз удри во кран покрај пруга, тројца полесно повредени

by А1он17/07/2013 - 16:37138
Share0

Патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во машина со кран која работела покрај пругата. Од ударот повредени се три лица кои по укажаната лекарска помош во Гостиварската болница се пуштени на домашно лекување.

Добивај вести на вибер

Во несреќата повредени се помошникот на машиновозачот, 48-годишниот З.А.  од Скопје, управувачот на работната машина 28-годишниот Д.Н. од Охрид  и скопјанецот А.Ц. (63) кој патувал со возот.

Според СВР Тетово, незгодата се случила околу 13 часот, кога патничкиот воз  број 663 во близина на гостиварското село Тумчевиште удрил во дигалаката од работна машина, која се наоѓала покрај железничката пруга. Машината била поставена за работа на еден далеководите кои минуваат низ полошкото поле и најверојатно била ангажирана од компанијата МЕПСО.

Патниците од возот се пренесени со автобус до дестинациите на кои патувале.

На местото на настанот увид врши истражен судија и крим-техника кои треба да ги утврдат причините и материјалната штета од несреќата.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:5304/03/2026 - 13:55

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:11

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:1516/02/2026 - 14:58

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен