Воз удри во автомобил

Од:

Вчера околу 20,45 часот на патниот премин (магистрален пат А3 Велес-Штип) преку железничката пруга Скопје-Кочани, во село Лозово, се случила железничка незгода помеѓу автомобил „Мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н. (1985) од Кочани и патничкиот воз бр.652 со моторна гарнитура 712-101/2, управуван од В.Ц.(1962) од с.Долно Лисиче-Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Во времето 20,55 до 23,10 часот, за време на вршење увидот железничкиот и патниот сообраќај биле во прекин.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски