Воз прегази скопјанец на пругата пред надвозникот кај булевар „Србија“

Од:

Триесет и едногодишен скопјанец настрадал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на булевар „Србија“ во Скопје, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на булевар „Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М.(31) од Скопје, кој што починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски