Воведен систем за рано откривање пожари во „Маврово“ и „Пелистер“

Од:

Во националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“ ќе се воведе напреден систем за рано откривање шумски пожари. Тоа е предвидено со проектот „Напреден систем за превенција и рана детекција на шумски пожари“, чии резултати беа претсавени на работилница во Берово организирана од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

– Преку овој значаен проект ќе се овозможи развивање напреден систем за рано откривање шумски пожари, што вклучува мрежа на сензори, камери и беспилотни летала за собирање податоци и изработка на анализи, кои ќе бидат искористени да се подобри процентот на откривање на шумските пожари во области од особено значење, рече на отворањето координаторот на проектот, професорот Питер Пеинл од Универзитетот Фулда од Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он