А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Воспоставена директна авиолинија Охрид – Цирих со „Германија флуг АГ“

by А1он02/12/2016 - 11:34234
Share0

Од 17 декември годинава ќе биде воспоставена директна авио линија од Скопје до Цирих со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“, соопшти денеска ТАВ Македонија.

Добивај вести на вибер

Оваа дестинација веднаш ќе биде додадена на распоредот на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Летовите ќе се реализираат во соработка со тур-операторот „Ер Приштина“, а билети веќе можат да се резервираат на интернет-страницата www.airprishtina.com.

Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото следната година. Претставниците на авиопревозникот неодамна ја посетија Македонија на покана на ТАВ и се сретнаа со членови на маркетинг-одделот на аеродромскиот оператор, како и со менаџментот на „ТАВ Македонија“.

– Навистина сме среќни што оваа соработка ќе почне да се реализира и на тој начин ќе се зајакнат нашите напори за презентирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација и особено, едно од нејзините најубави места, Охридското езеро и градот. Очекуваме оваа рута да служи како добра врска помеѓу Македонија и Швајцарија, но и да функционира како линк меѓу Германија, особено нејзиниот јужен дел, и Швајцарија со Македонија како крајната дестинација, истакна Серкан Карахатај, маркетинг-координатор во „ТАВ Аеродроми“.

Додавањето на оваа дестинација е дел од маркетинг-активностите на ТАВ со цел да се прошири листата со летови на двата македонски аеродрома – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“. Неодамна, на покана на ТАВ, поголем број француски и полски тур-оператори ја посетија Македонија и Охрид со истата цел – воспоставување нови летови и зголемување на сообраќајот на охридскиот аеродром.

– Летовите од Охрид до Цирих ќе ги реализираме во име на нашиот партнер „Ер Приштина“. Пресреќни сме што нашето долгогодишно партнерство ќе го прошириме со оваа нова рута. „Ер Приштина“ и „Германија флуг АГ“ веќе соработуваат во Швајцарија на летовите од Цирих до Скопје, како и од Цирих и Женева до Приштина, вели Урс А. Пелицони, главен комерцијален директор и извршен член на одборот на „Германија флуг АГ“.

Оваа авиокомпанија, чие седиште е во Глатбруг, Цирих, е основана во август 2014 година. По првиот лет во март 2015, авиопревозникот обезбедува услуги на низа дестинации за одмор и до градови во балканскиот регион.

Освен воведување нови линии, „ТАВ Македонија“ годинава евидентира и зголемен број на патници. Во првите 10 месеци од 2016, во споредба со истиот период лани, има пораст за 16 отсто односно на двата аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, е достигнат вкупен број од 1.534.591 патници. Во истот временски период бројот на полетувања и слетувања е зголемен за 11 проценти, односно реализирани се вкупно 14.406 летови.

avionitransport

Би можело да ве интересира

Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:29

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он17/11/2025 - 19:49

Руските борбени авиони ги игнорираа сигналите од пилотите на НАТО

Горан Наумовски21/09/2025 - 14:38

Москва ги негира обвинувањата за нарушување на естонскиот воздушен простор

Горан Наумовски20/09/2025 - 12:57

Руски дрон влезе во романскиот воздушен простор, авионите не успеаа да го срушат

Предраг Петровиќ13/09/2025 - 20:30

Русија премести најмалку четири тешки нуклеарни бомбардери Ту-95МС поблиску до Европа

Горан Наумовски04/08/2025 - 14:2604/08/2025 - 14:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен