Воскресна света литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Од:

Католиците утре го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување ќе се одржи вечер во 19 часот во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде ќе има Воскресна света литургија.

Литургијата ќе ја служи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

– Поради пандемијата со Ковид-19, како и досега, верниците се повикуваат да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот, се посочува на веб страницата katolici.mk.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден вчера упати честитка до верниците од католичка вероисповед.

– Живееме во свет во кој, според своите можности, сакаме да му помогнеме и да го подржиме секој човек што се наоѓа во неволја, да им пружиме утеха на ужалените и да будиме надеж кај оние што го љубат Бога дека Бог ќе ги обдари со добро. Ние не сме во состојба да правиме големи работи за да му помогнеме на нашиот народ во ова тешко време, но тоа на прекрасен начин со едноставни зборови многу убаво го кажа нашата светица Мајка Тереза: „Во овој живот не можеме да правиме големи работи. Можеме да правиме само мали работи со голема љубов.“ На овој начин секогаш можеме да си помогнеме едни на други со „голема љубов“ и со тоа да ја размножуваме радоста меѓу себе, да покажеме љубов и да ја зајакнеме надежта.

Воскреснатиот Господ е постојано присутен во својата Црква. Тој е со нас до крајот на светот. Верата во воскресението Исус ја поврзува со својот живот: „Јас сум воскресение и живот!“ Тој е наша надеж и сила во секојдневниот живот. Нека ни даде радост и мир за овие велигденски празници. На сите вас ви посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Навистина воскресе!, се наведува во честитката на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов.

Би можело да ве интересира

Велигденска миса во базиликата во Ерусалим

Катерина Ѓуровски

Вториот ден на Велигден – 18 април, неработен за верниците од католичката вероисповед

Ана Ололовска

Велгиденска честитка од претседателот Пендаровски

Ана Ололовска

Католиците го слават Велигден

Ана Ололовска

Воскресна проповед на бискупот Стојанов: Велигденската радост ги исполнува и нашите срца

Ана Ололовска

Петти април неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Ана Ололовска