Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Од:

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „А1он“. Вонредната проверка на исправноста на автобусите следи откако беше утврдено дека „Дурмо турс“ сам себе си вршел технички преглед, односно автобусите ги регистрирал во станицата за технички преглед чиј сопственик е Дурмиш Белули, кој е сопственик и на „Дурмо турс“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека поради истрагата на обвинителството за причините за несреќата, не можат да даваат информации поврзани со „Дурмо турс“, но уверуваат дека прават редовни контроли на сите станици за технички преглед.

Министерството за транспорт и врски веќе информираше дека оваа компанија има лиценцирано вкупно 40 автобуси, а освен меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар, има и 18 линии за меѓународен превоз на кои возат 36 сертифицирани возачи.

Обвинителството денес соопшти дека поради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдувањето на причините на автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, во скопското обвинителство се одржал работен состанок на претставници од обвинителството, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Обвинителството извести дека почнало испитувањето на очевидците на настанот, а до крајот на неделава очекуваат исказ да даде и возачот на автобусот. До Институтот за судска медицина биле доставени наредби за обезбедување на обдукциите на сите починати лица во несреќата, од здравствените установи била побарана медицинската документација за повредени, од мобилните оператори побарани се листинзи за разговорите на возачот, наредено е вештачење на телефонот, а до Машинскиот факултет била доставена наредба за вештачење на техничката исправност на автобусот.

Демократскиот сојуз вчера јавно побара да се направи вонреден технички преглед не само на сите автобуси на „Дурмо турс“ туку и на сите компании кои вршат превоз на патници, како и на сите станици за технички преглед на возилата.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека во Македонија има вкупно 4.176 лиценцирани возила за превоз на патници.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе