Вонреден инспекциски надзор во депонијата Дрисла

Од:

„Државниот Инспекторат за животна средина на ден 10.01.2018г. изврши вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Депонија за комунален отпад Дрисла во с. Батинци, Општина Студеничани, при што ја констатира следната состојба:

ДПКО Дрисла-Скопје поседува измена на А-Дозволата за усогласување со оперативен план бр.11-10096/1 од 31.10.2013г.

При инспекциски надзор е утврдено дека се почитува решението на ДИЖС за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад во денови кога има надминување на прагот на алармирање. Во периодот од 01.01.2018 год. до денот на вонредниот надзор 10.01.2018 год. истиот не е во функција, а примениот медицински отпад се складира во контејнери.

Инспекторатот беше информиран дека согласно задолжението од решението се постапува и во тек е набавка на воден скрубер/филтер за постоечкиот инсинератор и истиот ќе биде инсталиран во периодот кој следи.

Во текот на вонредниот надзор Депонијата Дрисла работеше редовно за прием на комунален отпад од Република Македонија.

Од менаџментот е добиена информација дека сите потребни процедури и документи/дозволи за набавка на нов инсинератор се завршени и согласно склучениот договор се очекува опремата да пристигне до средината на април по кој период во рок од 45 дена би се пристапило кон монтажа на истата, а намената на инсинераторот би била освен согорување на медицинскиот отпад и производство на електрична енергија. Се очекува пробната работа да отпочне во текот на месец јуни оваа година. За сите преземени активности редовно ќе биде информиран Државниот Инспекторат за животна средина. Од Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање и правниот субјект Дрисла Инспекторатот беше известен дека согласно санкцијата од Комисијата е постапено, односно казната е платена во рок од 8 дена при што е платено 50% согласно постоечките законски одредби.

Инспекторатот беше известен од страна на менаџментот дека во правниот субјект е извршен надзор од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност во однос на јонизирачко зрачење и било констатирано дека нема зголемено ниво на радиоактивност“ се вели во соопштението на ДИЖС.

Би можело да ве интересира

„Дрисла“ се соочува со казна од 120.000 евра и шест илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Арсовска го казни со 90.000 евра градоначалникот на Кисела Вода за исфрлањето на сметот пред портите на „Дрисла“

Орце Костов

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов