„Волшебно велигденско дрво” за децата од Дневниот центар – Капиштец

Од:

Во пресрет на празникот Велигден, Црвениот крст на град Скопје организира настан „Волшебно велигденско дрво” за 39-те деца и младинци кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа – Капиштец.

Лицата од Центарот на 20 март ги запишаа своите желби на наменски картички, велигденски јајца, и заедно со волонтерите на Црвениот крст ги закачија на големото Волшебно велигденско дрво. Сите хумани граѓани кои го посетија велигденското катче во ТЦ Рамстор како и ученици преку организирани работилници, имаа можност да ги исполнат желбите на лицата од Центарот и да придонесат за нивна среќа.

Активноста е во рамки на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби, а се реализира во соработка со Рамстор мол, Комерцијална банка и Центарот за социјална работа.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош