Црвениот крст на Град Скопје во соработка со Рамстор мол и оваа година го организираат настанот „Волшебно велигденско дрво“ за корисниците од дневниот центар за лица со посебни потреби Капиштец.
Тие заедно со волонтерите од Црвен крст ги запишаа желбите кои се закачени на дрвото кое е поставено на влезот на трговскиот Рамстор мол.
Сите хумани граѓани и општествено одговорни компании имаа можност да одберат некој од лампионите во форма на јајце и да придонесат за среќата на овие лица.
Активноста е во рамките на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби поддржан од АД Комерцијална банка, каде Црвен крст на Град Скопје девет години по ред реализира различни активности со цел олеснување на животот и потребите на овие лица и нивна полесна интеграција во општеството.