Волонтери од штипскиот Црвен крст ќе ја достават хуматираната помош во скопскиот регион

Од:

Волонтери на Општинската организација Црвен крст во Штип денеска ќе ја достават хуманитарната помош на граѓаните од поплавените подрачја во скопскиот регион.

Мауела Николова волонтер во Младинскиот клуб на ОО Црвен крст-Штип вели дека во акцијата која ја организираа заедно со Општина Штип донирани се храна, средства за хигиена, вода и пелени за бебиња.

– Во текот на денот десет волонтери од Младинскиот клуб на Црвениот крст-Штип ќе ја доставиме хуманитарната помош на граѓаните кои беа погодени во поплавите во скопскиот регион. Голема благодарност до штипјани што донираа, вели Николова.

Вработени во институциите кои се под ингеренции на локалната власт и доброволци секој ден заминуваат во населените места, каде што помагаат во расчистување на штетите во куќите или во санирање на каналите. Портапролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека и утринава од Штип заминале два автобуси со цел да им се помогне на жителите од скопскиот регион.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија