Волк уништил стадо овци во струшкото село Делогожда кое лежи на јужниот дел од планината Караорман. Сопственикот на стадото Џабир Даути вели дека од 20 овци биле спасени три, а пет избегале за да се спасат од крволочното животно.
– Ова ми се случува првпат. Вратив назад само три овци, а петте кои останаа живи, се уште не можеме да ги најдеме. Со ова, ми е направена материјална штета од околу две илјади евра, вели Даути.
Како што појаснува тој, неколку волци од повисоките предели на планината се спуштаат во подножјето и е можно да направат уште поголеми штети, поради што апелира до надлежните да преземат соодветни мерки.
Сточарот Даути го одгледува добитокот на само десеттина километри од Струга.