Волерс: Предизборна меѓуетничка коалиција е огромен чекор напред

Од:

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска се сретна со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс.

Претседателот Црвенковски, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, го запозна соговорникот за текот на „Работното лето на СДСМ“, кој наиде на позитивен прием кај граѓаните и ќе продолжи во месеците август и септември. Воедно го запозна за проширувањето на опозициониот фронт со партии не само од македонскиот, туку и од албанскиот политички блок.

Амбасадорот Волерс оцени дека формирањето на предизборна меѓуетничка коалиција првпат во историјата на Република Македонија претставува огромен чекор напред во однос на зајакнувањето на мултиетничноста во Македонија и нејзиниот демократскиот просперитет. Ја повтори поддршката на САД за Република Македонија во остварувањето на клучните надворешно политички приоритети, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија