Волерс: Опозицијата и власта да ги надминат несогласувањата

Од:

Бојкотот на Собранието од која било партија не е корисен. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да ја надминат настаната состојба, порача амбасадорот на САД Пол Волерс.
На новинарско прашање за актуелните состојби во државата пред локалните избори при посетата на Берово во рамки на приемот за членови на дипломатскиот кор организиран од претседателот на државата Ѓорге Иванов, Волерс рече дека Парламентот е местото за дебатирање на отворените прашања.

– Не мислиме дека бојкотот од која било партија е корисен. Тоа го велиме со години кога имало бојкоти од други партии дека не е многу корисна тактика. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да го надминат ова. Условите во Собранието треба да бидат отворени и транспарентни и партиите да имаат можност слободно да ги дискутираат прашањата. Мислам дека и опозицијата и власта треба да работат на надминување на ситуацијата, нагласи Волерс.
На прашањето дали САД ќе бидат вклучени во мониторирање на изборите, тој рече дека секогаш учествувале во овој процес.

– САД и други организации традиционално го мониторираат изборниот процес и ќе го направиме тоа повторно, додаде aмериканскиот амбасадор Волерс.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги