Воениот оркестар на АРМ одржа промотивен концерт во Гевгелија

Од:

Воениот оркестар на АРМ синоќа првпат со свој настап на градскиот плоштад се претстави пред граѓаните на Гевгелија.

На концертот присуствуваа околу шестотини граѓани кои вистински уживаа во едночасовниот концерт на Воениот оркестар, кој настапи со изведба на филмска музика, соопшти денеска МО.

Граѓаните на Гевгелија биле посебно воодушевени и од презентацијата на вештините во работа со оружје од страна на припадниците на баталјонот за почести, кои пред концертот ја изведоа точката ,,ЕГЗИРЦИР“.

Промотивниот концерт на Воениот оркестар синоќа во Гевгелија е трет по ред од планираните концерти во 2014 година, во рамки на проектот за приближување на АРМ до граѓаните во Република Македонија.

Ова е, се посочува во соопштението од МО, одлична прилика и за јакнење на соработката на Армијата со локалната самоуправа во Република Македонија, особено во градовите каде АРМ нема гарнизони.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација