Воениот камп во Охрид отворен за граѓаните поради земјотресите

Од:

Министерството за одбрана ги понуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум, Охрид, за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што го зафатија градот и околината во последните две недели.

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на овој начин одговори на повиците на граѓаните упатени до неа преку социјалните мрежи, да се отворат вратите на воениот камп, бидејќи таму граѓаните би се чувствувале побезбедни, соопшти Министерството за одбрана.

Вратите на кампот, наведуваат од МОН, се отворени за граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп додека земјата во Охрид не се смири.

Пријавите за сместување во кампот може да се направат на телефонскиот број 070 403 392. Лице за контакт – Ристе Спасовски, раководител на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник