Водовод и канализација: 19 лица засновале работен однос спротивно на закон

Од:

„Во врска со информацијата која што денеска беше пласирана во јавноста дека ЈП Водовод и канализација – Скопје донело незаконита одлука за престанок на работен однос на 26 вработени лица во ова претпријатие, ве известуваме дека:

Во текот на 2017 година во претпријатието се извршени повеќе инспекциски контроли од страна на Државниот трудов инспекторат.

Постапувајќи по укажувањата и одлуките дадени од Државениот трудов инспекторат, донесени се одлуки за престанок на работен однос на вкупно 19 вработени лица од причина што истите во текот на месец јули 2017 година пред одржувањето на локлните избори, засновале работен однос спротивно на закон, неисполувајки ги бараните услови од објавените јавни огласи, во поглед на степенот и видот на образование, односно биле вработени лица со образованиe:
– музичар изведувач, аранжер во трговија, хотелско-туристички техничар, прехрамбен техничар, медицински лаборант, продавач и сл. што е спротивно на актите на претпријатието, со што бил оштетен и буџетот на истото.

За горенаведеното од страна на Државниот трудов инспекторат има поведено прекршочна постапка против ЈП Водовод и канализација – Скопје и поранешниот директор на претпријатието Александар Атанасов.

Исто така ја информираме јавноста дека новото раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје затекна состојба на превработеност, голем број на фиктивни вработувања, вработувања на лица од Пустец – Р. Албанија кои воопшто не доаѓале на работа, а примале плата.

Во оваа насока ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека во иднина ќе ги превземе сите законски мерки за отстранување на ваквите неправилности“, се вели во реакцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“