Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ заврши со чистење на коритото на Пчиња кај Пелинце

Од:

Екипите на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ завршија со расчистување и продлабочување на речното корито на Пчиња кај Меморијалниот Центар на АСНОМ во Пелинце. Според податоците на надлежните од претпријатието, механизацијата работела во должина од еден километар и на ширина од 35 до 40 метри, при што коритото на овој дел од Пчиња е продлабочено за 1,5 метар.

-На овој начин делувавме превентивно, со цел да спречиме излевање на реката во овој регион што често се случуваше изминатите години и од кои штета трпеа земјоделците и правните субјекти, изјави директорот на „Кумановско-липковко поле“, Оливер Илиевски.

Претпријатието во изминатиот период на неколку локации го чистеше речното корито на Пчиња, кај село Стрновац, во должина 800 метри и 30 метри широчина, со што е продлабочено коритото за еден метар. На потегот од селото Зубовце до Шупли Камен во должина од половина километар и 40 метри широчина, продлабочено е коритото за еден и пол метар. Претходно беше исчистен и одводниот канал во кумановското село Романовце во должина од 2, 7 километри.

За расчистување на речното корито на Пчиња и одводниот канал во Романовце, одвоени се 950.000 денари, средства на претпријатието. Воедно, за ангажирање на дополнителна механизација за чистење, претпријатието одвои милион и 250 илјади денари.

Во текот на летниот период беа исчистени и продлабочени речните корита и одводни канали со вкупна должина од 10.600 метри на повеќе локации во кумановско. Наредниот период, информираше Илиевски, екипите на претпријатието ќе продолжат со расчистување на каналите и речните корита во населбата Ајдучка Чешма и селата Зубовце, Шупли Камен и Тромеѓа.

Би можело да ве интересира

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски