УХМР: Водостоите во Македонија се под просекот

Од:

Водостоите на сите реки во Македонија се под просекот за февруари, а најголем пад на нивото имаат реките Струмица, на мерното место кај Сушево, и Црна Река кај Новаци каде водостоите се за четири, односно за три пати пониски од просечните.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на двете реки е дополнително намалено во однос на вчерашното.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера, но кај Преспанското и кај Охридското Езеро се пониски за 78, односно за седум сантиметри од повеќегодишниот просек за овој месец, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,91 метро повисоко од просечното. 

Би можело да ве интересира

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Пеколни температури, што да правите ако мора да сте надвор

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град