Водата за пиење во Гевгелија е исправна

Од:

Водата за пиење во Гевгелија одговара на законските и стручни прописи во однос на параметрите за физичко-хемиска анализа.
Ова денеска го соопшти јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Македонија врз основа на испитувањата направени на 8-ми овој месец.

Во соопштението се констатира дека испитаните параметри на водата за пиење одговараат и на правилникот за безбедност на водата.
Од Институтот за јавно здравје соопштуваат дека водата за пиење во Гевгелија редовно ќе се контролира и дека граѓаните на Гевгелија и населените места приклучени на регионалниот водовод не треба да стравуваат за квалитетот на водата за пиење.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно