Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Од:

Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот.

Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот „Шум“ е 28,56 проценти, а максимално дозволена концентрација 1,5 отсто.

Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид информира дека се земени мостри за испитување, како од изворот така и од повеќе мерни места во градот и оти е видлив висок степен на обоеност и висока матност.

– Земени се мостри од вода за испитување. Хлор имаше, но има висок степен на обоеност и висока матност и таа автоматски спаѓа во здравствено неисправна вода. Ги чекаме резултатите кои во четврток треба да се готови. Утре ќе одиме повторно, ќе земеме вода од изворот, да видиме дали почнала матноста да се намалува или не, изјави Симоноска.

Таа појасни дека е потребно механичко чистење на резервоарите и поголема количина хлор.

И Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека водата во градот Струга и околината не е чиста и не треба да се користи за пиење или други потреби.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме