(ВИДЕО) Тензии во Собрание: Дерење и тропање по маси на седницата каде вчера имаше тепачка

Од:

Со високи тонови и карање започна денешната седница на Комисијата за европски прашања, каде вчера имаше тепачка. Координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски реагираше бидејќи потпретседателката Арта Биљали-Зендели смета дека дневниот ред е усвоен, а тие тврдат дека не се гласало за него. Според Мицевски, целта на пратениците од СДСМ и ДУИ да донесат измени на закон за продолжување на мандатите на судиите обвинителите.

„Не може да сметате дека расправата почнала вчера, бидејќи вчера имавме расправа за утврдување на дневниот ред кој уште не е отворен. По утврдување на тоа, по отворање на точката што сакате сега да го направите, Деловникот вика дека расправа по закон трае два дена. Закон за кој ние имаме 380 амандмани. До мене дојде еден документ кој сега ќе го прочитам, а медиумите добро да пазат и да видат дали се тоа зборовите кои ќе ги каже претседателката на Комисијата: ‘Нема да се води претрес по амандманите бидејќи според Деловникот истече рокот од најмногу два дена за водење на претрес по амандманите’. Ова планира потпретседателката, по глумење на функционирање и работа на оваа Комисија, да го прочита. Денеска до крајот на денот Законот ќе се обидат да го донесат, а е селективен за судиите и обвинителите“, кажа Мицески.

380 амандмани треба да се разговараат, а веќе во 14 часот е закажана Законодавно-правната комисија каде треба исто така да се расправа за законското решение кое мора да помине на Комисијата за европски прашања. Според Мицевски, ова покажува дека се брза со донсување на законот по секоја цена.

„Дневниот ред е вчера изгласан, пред неизбежниот скандал во салата. По констатацијата дека дневниот ред е изгласан беше утврдено во оваа сала во 10 часот вечерта. За жал, велите глумење, а имате сценарио како ќе ја завршам седницава. Јас не работам по сценарија. А ми потврдивте дека вчерашниот скандал беше монтиран и исцениран. Се знаевте, некогаш не е толку битна последицата туку причината“, посочи Арта Биљали-Зендели.

Потпретседателката на Комисијата за европски прашања, отвори претрес по амандманите, без да даде процедурално обраќање на координаторот Мицевски.

„Седни ќе ти кажам“, рече Мицевски на Мартин Костовски од СДСМ, на што Костовски одговори: „Немам каде“, а Мицевски врати: „Ај да не ти кажам кај да седнеш“.

Ова е второ продолжение на Комисијата за европски прашања по вчерашната тепачка.

Би можело да ве интересира

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Нов обид во Собрание за законите за Митилинеос и за игрите на среќа

Пендаровски против идејата на ДУИ да се избере претседател во Собранието: Ќе бев сменет за едно попладне

Орце Костов