(ВИДЕО) Прва седница на новата Влада: Кабинетот на Заев вети ефикасна работа посветена на граѓанските и државните интереси

Од:

Новата Влада денеска ја одржа првата седница на која како што најави премиерот Зоран Заев се даваа првите задачи на министрите, се доделуваше мандат на министрите без ресор и се бираше генерален секретар на владата.

За нов генерален секретар е избран Драги Рашковски, професор на правниот факултет.

На седницата беше изразена заедничка согласност за посветена и ефикасна работа на членовите на Владата, во интерес на потребите на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија, низ добра соработка и меѓусебно почитување.

На денешната седница, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев определи петмина заменици, и тоа:
-Радмила Шекеринска Јанковска, за заменичка на претседателот на Владата и министерка за одбрана
-Оливер Спасовски, за заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи
-Бујар Османи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања
-Кочо Анѓушев, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
-Хазби Лика, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.

Од редот на министрите без ресор, претседателот на Владата ги определи:
-Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност
-Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора
-Андан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции
-Самка Ибраимовски, министер без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија
-Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија
-Зорица Апостоловска, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции
-Рамиз Мерко, министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

На седницата на Владата на Република Македонија формирани се основните комисии на Владата и тоа:
-Комисијата за економски систем и тековна економска политика
-Комисијата за политички систем
-Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој.
На владината седница се формирани и посебните комисии на Владата, и тоа:
-Комисијата за именување
-Комисијата за станбени прашања
-Комисијата за приватизација.

На седницата на Владата е формиран и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чијшто раководител е Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи