(ВИДЕО) Протест во Скопје: Нашето име е наше право

Од:

Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, се собираат луѓе кои се незадоволни од, како што велат, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Некои од присутните се облечени во маички и транспаренти со ликот на Ќосето. Атмосферата ја дополнуваат патриотска музика и оро. Присутни се и автобуси од други градови.

Собирот се одржува во ист ден заедно со протестите на Македонци од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски