ВИДЕО: Марин ја стопира изградбата на висококатница кај „Мајчин дом“

Од:

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, издаде решение за стопирање на изградба на зграда кај „Мајчин дом“.

Тој рече дека за петок е закажана вонредна седница на која треба да се најде заедничко решение за овој проблем, а на која се поканети да присуствуваат сите засегнати страни. Марин појасни дека забраната е донесена поради неправилности на градилиштето и трае 15 дена, но доколку не се отстранат неправилностите ќе биде продолжена.

Исто така, Марин рече дека го поддржува протестот на граѓаните против изградбата на висококатница на ова место.

„Граѓаните се во право. Целосно ја поддржувам нивната борба и сум на нивна страна“, рече Марин.

Тој додаде дека имал средба со инвеститорот и го информирал за забраната. Сега, додаде градоначалникот, треба да најдеме решение низ дискусија со сите засегнати страни за трајно да се заштити плацот пред „Мајчин дом“.

Вчера жителите на Аеродром одржаа протест против изградбата на висококатница.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски