ВИДЕО: Младите реформатори од ВМРО-ДПМНЕ со декларација за модернизирање на УМС

Од:

Претставници на УМС од Републичкиот штаб за рефoрми во ВМРО-ДПМНЕ презентираа Младинска декларација и концепт за модернизација на унијата.

– Свесни и обединети, ние младите донесуваме Декларација за модерно УМС, се со цел повеќе млади лица да се приклучат кон Унијата на млади сили и внатрешните реформи во ВМРО-ДПМНЕ, порача Моника Делева, член на УМС од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Младинската декларација, како што информираа младите реформисти од ВМРО-ДПМНЕ се состои од 8 точки кои мора да бидат применети со цел успешно реформирање на партијата.

– Ние младите го поддржуваме проектот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и спроведување демократски и обединувачки конгрес, рече Стефан Василевски, член на УМС од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ