ВИДЕО: Спасовски ги отвори вратите на мерцедесот пред камерите

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги отвори вратите на мерцедесот на поранешниот премиер, Никола Груевски, вреден околу 600 илјади евра пред камерите.

Тој кажа дека граѓаните заслужуваат да го видат она што е купено со нивни пари и дека го оставиле онака како што го начекале во гаражата.

Овој мерцедес беше дел од „бомбите“ кои што ги објави лидерот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев.

Спасовски кажа дека мерцедесот има поминато 57 илјади километри и дека најчесто се движел до Пробиштип, односно 4 до 5 пати месечно одел до таму.

Министерот рече дека одржувањето на возилото е скапо и дека дуир и неговите гуми се отпорни на огнено оружје.

Досега, кажа Спасовски, автомобилот имал два пара гуми, летни и зимски, а промена на гуми чини 20 илјади евра.

Тој додаде дека обично гумите се менувале на 15 илјади километри, но не планира да го продава, бидејќи со тоа МВР би изгубило 180 илјади евра.

Исто така Спасовски кажа дека парите со кои е купен автомобилот, би можеле да се купат повеќе од 25 Шкода Јети, возила кои ги користи полицијата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР