(ВИДЕО) Села: На 27 април беше направен атентат врз Албанците во РМ

Од:

На 27 април се случи политички атентат врз барањата на потребите на Албанците во Република Македонија. Ние сме за ново владеење, владеење кое ќе биде во интерес на граѓаните, владеење кое ќе биде праведно и кое нема да ги дели граѓаните по етничка и политичка основа. Владеење кое ќе ја врати надежта дека во Република Македонија може поинаку, може подобро, рече Претседателот на ДР- ДПА, Зијадин Села кој за прв пат по немилиот настан во Собранието излезе пред јавноста.

-Ние како политички субјект ги преточивме потребите на Албанците во Македонија во политички барања. На 27 април со атентатот до некаде успеаа да не убијат, но пак се реинкарниравме и се вративме на политичката сцена во Република Македонија. Заедно со сите други политички субјекти ќе продолжиме со барањата за потребите на Албанците во Македонија за да го продолжиме овој наш пат и нормално се враќаме уште појаки на политичката сцена, вели Села.

Претседателот на ДР-ДПА не сакаше да коментира за шпекулациите за нов министер на здравство каде се спомнува докторот Таравари.

-Повеќе ни се важни тематските прашања отколку тоа кој ќе биде министер, вели Села.

Би можело да ве интересира

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Ново уредување на уставниот поредок една од темите на Централното претседателство на АА

Таравари му одговори на Села: Седна во скутот на Ахмети

ВЛЕН: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, достоинствено ќе ги претставуваме сите Албанци

Катерина Ѓуровски