ВИДЕО: Могерини и Хан ја презентираа Стратегијата за Западен Балкан, испорачани низа барања за земјите кандидати

Од:

Европската комисија им испорача низа барања на земјите од Западен Балкан кои треба да се исполнат на патот кон членството во ЕУ, но истовремено преку шест големи иницијативи презема обврска за далеку поголема поддршка и помош за регионот во наредниот период. Могерини очекува да има пресвртници, но влегувањето во Унијата пред 2025 е тешко, со оглед на динамиката со која течат процесите. Во излагањето на Могерини и Хан ниту еднаш не беше спомната Македонија за време на презентирањето на стратегијата за Западен Балкан, а акцент беше ставен на Србија и Црна Гора, кои во моментот се најблиску до Европската Унија. Доколку шесте земји сакаат да ѝ се придружат на ЕУ, ќе мора реформите и барањата да ги завршат за две години, односно до 2020 година. Хан вели дека вратите на ЕУ ќе се отворат кога земјите ќе ги спроведат 57-те конкретни мерки, меѓу кои зајакнување на владеењето на правото, квалитет и ефикасност на правосудниот систем, борба против корупцијата, подобрување на економската конкурентност, почитување на слободата на изразување и на независноста на медиумите, реформа на јавната администрација, решавање на билатералните спорови, зајакнување на демократските институции и улогата на парламентот и реформа на законите за финансирање на политичките партии.

„Во врска со индикативниот датум, тоа може да биде можност за некои од земјите да ѝ се придружат на ЕУ, но тоа е амбициозен датум. Битно е сè да биде во согласност со нашите политики. Јасно е дека условите мора да бидат исполнети, а јасните пораки во оваа стратегија се дека ЕУ нема да прифати земји што ги немаат решено своите билатерално-конфликтни прашања“, потенцира Хан.

Во стратегијата за проширување на Европската Унија на Западен Балкан се наведува дека сите земји во регионот имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите. Стратегијата треба да ги даде насоките за пристапување на Србија и Црна Гора во ЕУ до 2025 година, како и за идните чекори што на патот кон ЕУ ги очекуваат Албанија, Македонија, БиХ и Косово. Стратегијата ќе им биде упатена и на земјите членки, кои за неа ќе расправаат на самитот идниот месец.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ