(ВИДЕО) Заев: Податоците во ДИК се погрешно внесувани, Груевски не смее да формира Влада

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од партиското седиште посочи дека синоќешните резултати се само прелиминарни, но дека конечните ќе покажат поинаков сооднос на силите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Според Заев, гласовите испратени од општинските изборни комисии не се исти со оние од Државната изборна комисија и дека во тек е проверка што ќе донесе сосема поинакви резултати во добиените мандати.

– Никола Груевски не смее да формира влада во Македонија. Бидејќи првичните резултати ги збунија граѓаните, има разлики во целосните резултати. СДСМ има поголем број на мандати во ИЕ 6, со што соодносот на добиени мандати е 50-50. Поради констатираните нерегуларности за кои известија и набљудувачите, ќе поднесеме приговори, вистинската слика ќе ја дадат конечните резултати, рече Заев.

Заев ги повика сите парламентарни партии освен ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат мнозински изразената волја на граѓаните.

– Сакам да повикам мудро, одлучно, одважно да ја почитуваме мнозинската желба за живот наместо режим. Мнозинството граѓани се изјаснија дека не сакаат криминалци да владејат. Заедно постигнавме резултат за кој што ќе се пишува во учебници. Поразивме режим со пенкало, ја обединувме мултиетничка Македонија. Граѓаните го поразија Груевски. Доаѓа живот во Македонија, рече Заев

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ