А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Со мојата напорна работа ќе докажам дека не сум марионета

by А1он23/12/2017 - 17:2723/12/2017 - 18:04332
Share0

Христијан Мицкоски во своето обраќање пред делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, на кој што беше избран за претседател, кажа дека мора да се стави крај на корупција, политичките притисоци и политичката одмазда.

Добивај вести на вибер

– На несмасните брифирања од неименувани партиски извори дека ќе сум бил марионета ќе одговорам дека со мојата работа убеден сум дека ќе го докажам спротивното, рече новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Свесен сум во каква атмофера поминува овој конгрес, со шпекулации и наметнати теми, но таква е состојбата и со политиката. Од денеска па натаму ќе се потрудам политиката да биде поинаква. Свесен сум за сите сомнежи во мене кои донекаде се оправдани затоа што не сум носел крупни државни одлуки, рече Мицкоски и додаде дека негов политички противник е СДСМ, а не поединци или групи во неговата партија.

Тој кажа дека Македонија мора да оди напред и да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што има сега.

Мицкоски ја критикуваше работата на Владата во надворешната политика и кажа дека од Планот 3-6-9 нема никаков резултат. Според него, ЕУ станува се подалечна цел.

– Потребен е реален напредок, потребно е реално решавање на проблемите, носење на закони по пат на дијалог кои реално ќе ги подобрат условите за живот и ќе ги скратат бирократските процедури. Закони кој се за општото добро, а не да се задоволат нечии политички апетити. Единствениот пат на државата е патот кон Европсата Унија и НАТО, рече Мицкоски.

hristijan mickoskivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он28/03/2026 - 12:3028/03/2026 - 12:32

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 12:48

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 12:3625/03/2026 - 14:07

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 09:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто