(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да се вратиме во Собранието се додека не запре политичкиот прогон на власта

Од:

Во моментов нема демократски амбиент за работа во Собранието, 12 отсто од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ односно 5 отсто од вкупниот број на пратеници се во притвор, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека при притворањето на пратениците од неговата партија биле прекршени основните човекови права и дека власта демонстрира сила над политичките противници.

-Народниот праобранител недвосмиелено констатираше дека при притовор е повредено правото на пратенички имунитет односно членот 64 од Уставот на РМ. Полициските службеници не се придржувале до правните процедури за начинот на вршење на полициски работи. Надлежните сториле кривично дело односно го прекршиле ченот 140 од Кривичниот законик, противправно лишување од слобода, вели Мицкоски.

Според него ова е доказ дека во Македонија има политички прогон и злоупотреба на институциите за дејствување против сите кои не мислат исто со власта.

– Власта е таа која има одговороност да ги одреди приоритетите, ВМРО-ДПМНЕ одлучи дека нема да учествува во работата на Собранието се додека не се создадат основни демократски услови, рече Мицкоски.

Претседатеот на најголемата опозициска партија инфорираше дека комуникацијата со СДСМ и претседателот на Собранието, Талат Џафери се темели на не така чисти состаноци и дека се состануваат само за работата на одредени комисии во Собранието.

Мицкоски рече дека останува отворена опцијата од 10 пратенички групи ВМРО-ДПМНЕ повторно да се групира во 1 пратеничка група.

-Пратеничката група на ДПМНЕ, онаа која е на слобода е апсолутно конструктивна, ВМРО- ДПМНЕ е обединета и сите заедно стоиме позади оваа одлука да не учествуваме во собраниските активности, вели Мицкоски.

Во врска со Жан Моне средбите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нема официјална покана и дека не ја знаат содржината и намената на процесот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата