Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека од обработени 98,25% од избирачките места во вториот круг, гласале вкупно 415 435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава.
ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025
Тој додаде дека Левица сега е прва партија во Скопје, пред ВМРО-ДПМНЕ во општините Центар, Карпош и урбаниот дел од Аеродром. „Две третини од скопјаните не гласаа, што е неинтелигентно решение,“
Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.
(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
Во вториот круг го победи Амар Мециновиќ од Левица.
Јовановски, според податоците на Државната изборна комисија од преброени 98,62 отсто од гласовите, освои 52,66 проценти или 14.205 гласа, наспроти неговиот против кандидат Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, кој има 44,15 отсто оли 11.908 гласа.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, изјави дека во вториот круг од локалните избори, според обработените податоци СДСМ победи во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци односно досега вкупно шест.
Филипче: СДСМ е прва во опозицискиот блок, јасно е какви промени треба да се направат во партијата
Во Општина Карпош од обработени 67,78 проценти од гласовите води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски со 9.354 гласа или 47,94% од вкупниот број на гласови.
Во Општина Карпош од обработени 67,78 проценти од гласовите води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски со 9.354 гласа или 47,94% од вкупниот број на гласови.
Според податоците на ДИК од преброени 72,83 отсто од гласачките ливчиња, за Јовановски гласале 10 760 кичевчани (53,81%), а за Дехари 8 597 (42,99%).
Според конечните неофицијални резултати, Стаменкова освоила 1.734 гласа, додека Атанасовски добил 1.701 глас.
Камчев има предност од околу 250 гласови пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Перо Костадинов, кој се бореше за трет градоначалнички мандат.
Од 99,96 преброени гласови, Јовановски доби 4.217 глада, а Рамадани има 3.641 глас.
Орце Ѓорѓиевски има 75 368 глас или 59,41 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 44 149 гласа или 34,80 проценти од вкупниот број гласови.
ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1
Денеска не се гласаше за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори.
Куманово на раб на цензус.
До 18.30 часот излезноста во Куманово 33, 43 проценти од 79, 42 отсто обработени
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати добиени од партискиот аналитички ценатр, водат во Скопје, Аеродром, Пробиштип, Кочани и Валандово.
ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје
Од вкупно 97,60 проценти обработени избирачки места, излезеноста изнесува 45,71 процент на ниво на цела држава или гласале вкупно 325. 691 граѓани, од вкупно 1.013.357 запишани во избирачкиот список. За Град Скопје одѕивот до 18:30 часот изнесува 33,82 проценти.
Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција која е дел од Националната алијанса за интеграција, Арбер Адеми на вечерашната прес-конференција по завршување на гласањето изрази благодарност до сите граѓани кои денеска го искористиле своето демократско право на глас со одговорност и достоинство.
Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата
Оттаму дополнуваат дека Комисијата останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а граѓаните кои имаат сомнежи за евентуални кривични дела поврзани со изборите можат да поднесат пријава во најблиското јавно обвинителство или преку електронската адреса: [email protected].
Обвинителство: Изборниот ден помина мирно со само еден инцидент во Шуто Оризари
Во Централниот штаб на коалицијата ВРЕДИ на прес-конференција, портпаролот Дритон Сулејмани го сумираше изборниот ден.
Според првичните податоци што ги објави ВМРО-ДПМНЕ, нивните кандидати водат во повеќе општини во вториот круг од локалните избори, вклучително и во трката за градоначалник на Град Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ со водство во Скопје и седум општини, според партиските првични резултати од вториот круг
