Граѓаните на Македонија денеска гласаа на осмите локални избори. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за советници, или за вкупно 10.490 кандидати.
Според ДИК, од преброени гласови на 83, од 101 избирачко место Ќира освоил 7.999, а Далипи 7.315 гласа.
Според 80 проценти од обработените гласачки места од аналитичкиот центар на ЗНАМ, Димитриевски како што изјави, води пред останатите шест противкандидати, како и советничката листа на ЗНАМ.
Димитриевски: Освоив гласови колку што и останатите шест противкандидати
Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него. Тие се победници на изборите во Чаир, вели Османи.
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината
Бројката што ќе ја освоиме ќе биде досега најголема што сме ја освоиле на избори. Темата ДУИ се затвори денеска – рече Мицкоски
(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ
Според портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани, резултатите покажуваат „јасна поддршка за нова, чесна и одговорна политика“
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
Денес извојувавме убедлива победа – победивме на 95 проценти од избирачките места“, изјави Герасимовски.
Лидерот на СДСМ,Венко Филипче им честита на сите градоначалници кои победиле во првиот круг, и кажа дека СДСМ победил во три општини: Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.
Филипче: Ова не е лош резултат, имаме зголемување на гласовите во некои општини
Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 22:30 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со 41,96 отсто од гласовите, при обработени 41,47 отсто од избирачките места
Адеми вели дека имаат 20 илјади гласови повеќе од ВРЕДИ на национално ниво
Бутел победа во прв круг! 9:1. Благодарам мој народе, Слава на Господ!, напиша Костовски на својот ФБ профил.
Костовски прогласи победа во првиот круг за градоначалник на Бутел
Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола бидејќи во новиот општински Совет ќе имаме апсолутно мнозинство, изјави вечерва кандидатот за градоначалник и актуелн градоначалник на Битола, Тони Коњановски.
По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати, напиша вечерва старо – новиот кавадаречки градоначалник, Митко Јанчев на Фејсбук
Јанчев: По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати
Кандидатот за градоначалник на општина Тетово Биљал Касами од ВРЕДИ прогласи победа на Локалните избори и им се заблагодари на граѓаните на Тетово.
Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, влегува во вториот круг и исклучително сме задоволни од резултатите, истакна на прес-конференција портпаролот на Левица Круме Богевски
(ВИДЕО) Богевски: Мециновиќ влегува во вториот круг, исклучително сме задоволни од резултатите
ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е некаде 3:1, има општини кадешто е 6:1, 7:1, а има општини кадешто е 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија.
Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, по првичните резултати од локалните избори, изјави дека ВРЕДИ е легитимен победник во мнозински албанските општини.
ВИДЕО: По 20 години СДСМ падна во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалник
Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 53 општина, ВРЕДИ и СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една
Командири и началници на полицијата беа дел од активностите на ДПМНЕ на терен за време на кмапањата, рече Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.
Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница
Изет Меџити прогласи победа во Чаир и во Тетово а според него победа се очекува во уште четири до пет општини во првиот круг
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на денешните локални избори во неколку општини веќе прогласија победа уште по првиот изборен круг
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во повеќе градови, најавува триумф и во Струмица
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во повеќе градови, најавува триумф и во Струмица
Центар жупа, Маврово- Ростуше и Врапчиште имаат помалку од една третина излезени гласачи со пребројувањето до 18.30, што не е доволно за да може да биде избран градоначланик
Излезеноста на локалните избори до 18:30 часот е 46,65 отсто