(ВИДЕО) Мицкоски: Со новиот Извршен комитет ќе застанеме на здрави нозе и ќе ја формираме идната влада

Од:

Силно мотивирани индивидуи, луѓе кои голем дел од животот го поминале во партиските структури, искусни политичари. Вака лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски ги опиша членовите на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа избрани вечерва на седница на Централниот комитет.

„Убеден сум дека во периодот што следи, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на здрави нозе и ќе можеме што е можно поскоро да издејствуваме предвремени парламентарни избори, по што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада. Промените во составот на Извршниот комитет се сериозни, очекувам да допринесат сериозно во партијата. Централниот комитет ги усвои речиси едногласно, со еден глас против, од вкупно 115 присутни на ЦК. Ова е првична бројка од 26 членови на Извршниот комитет и истиот ќе се проширува. Оваа структура во следните две години ќе биде официјално тело во првична верзија, но во периодот што следува постои простор за зголемување на бројот на членови“, рече Мицковски.

На прашањето зошто Антонио Милошоски и Илија Димовски не се дел од новото раководство, Мицкоски истакна дека и двајцата се прекрасни личности кои биле на функции и придонеле за партијата, па доколку соодвествува со нивните амбиции не е исклучена никаква можност и би можеле понатаму повторно да бидат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан зошто Димовски не бил повикан на седницата, Мицкоски образложи дека биле повикани само членовите на Централниот Комитет, а на Илија Димовски со завршувањето на функцијата координатор на пратеничка група му престанал мандатот како член на Централниот комитет, што било случај не само со него, туку и со уште неколку претставници од Унијата на жени и Унијата на млади сили. На новинарско прашање дали се точни шпекулациите дека му било понудено потпретседателско место на Димовски, а тој го одбил, Мицкоски не сакаше да одговори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не знае дали во новиот Извршен комитет има членови на Реформаторите, но кажа дека веќе е започнат процес за демократизација на партискиот Статут и оти веќе нема потреба од постоење на таква иницијатива.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ