Во завршна фаза изградбата на пешачкиот надвозник на автопатот кај Башино Село

Од:

Пешачкиот надвозник на автопатот кај Башино село на влезот во Велес кој ќе ги поврзува населбата и црквата „Св. Никола“ со одвоените од автопатот гробишта, е во завршна фаза и наскоро ќе биде готов и пуштен на користење за жителите, најави Аце Коцевски градоначалникот на Општина Велес.

– Ние за оваа намена издвоивме над пет милиони денари од општинскиот буџет. Претходното општинско раководство овој проект го искористи за политички цели, а во негова реализација не издвои ниту денар, појасни Коцевски.

Пешачкиот надвозник е широк три метри од кои 2,2 метри се наменети за движење на пешаците по него.

Инаку по изградбата на автопатот во 1962 година, црквата „Св Никола“ и гробиштата останаа разделени на две страни од автпатот, а жителите на Башино Село, 55 години мака мачат да стигнат до вечните почивалишта на починати од семејствата и пријателите.

Изградбата на надпатникот беше на бројни барања на жителите од ова населено место упатена до локалната власт.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози