Во возило кај Струмица откриени 17 мигранти од Сирија

Од:

Полициски службеници вчера во 23 часот при контрола на патничко моторно возило „Рено Еспејс“ со скопски регистарски ознаки на местото викано „Свидовичка раскрсница“ во близина на Струмица откриле 17 мигранти од Сирија од кои седум деца.

Како што информира МВР, полицијаците стопирале две патнички моторни возила „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (32) од Скопје и „Рено Еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М. (34) од Скопје. Од извршената контрола и преглед во возилата во возилото „Рено Еспејс“ биле пронајдени 17 лица мигранти од Сирија, од кои 10 возрасни и седум деца. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица.

По наредба на Јавен обвинител во 4:45 часот И.М. е предаден на Полициската станица за општа надлежност Струмица за понатамошна постапка, додека А.Б. е ослободен.

Мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ