Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна девојка, односно кривично дело од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 14 јануари девојката влегла во трговски центар и додека плаќала на една од касите ја забележал осомничениот кој пазарел во истата продавница.

Ја следел извесно време додека девојката влегла во зграда во близина на трговскиот центар.

Во влезот ја нападнал и започнал да ја допира.

Жртвата се спротивставила и почнала да вика, по што осомничениот ја ослободил и избегал.

Полицијата го пронашла и го лишила од слобода неколку дена подоцна.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, обврска осомничениот да се јавува кај определено службено лице во судот и забрана да се приближува или да воспоставува контакти со жртвата.

Судот донесе решение со кое ги определи мерките за обезбедување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четири амбулантни возила на еврејската заедница се запалени во Лондон

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

ВИДЕО: Повторно летаат ракети, гори американскиот конзулат во Дубаи

ВИДЕО: Се урна покривот на американската амбасада во Ријад

Предраг Петровиќ

Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија