Во Влае 1 се реконструира улицата „Езерци“

Од:

Општина Карпош ја асфалтира улицата „Езерци“ во должина од 180 метри, а во вредност од околу еден милион денари. Фирмата-изведувач е „Ескаватори МК“ Скопје.

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски изјави дека во урбаната заедница „Влае 1“ се врши реконструкција на пет улици со вкупна вредност од околу пет милиони денари.

– Во изминатиот период беа реконструирани улиците „Гари“, „Блаже Биринчето “ и „Франц Месеснел“, а подготвителни работи се вршат на улиците „Ринхини“ и „Франц Розман“ кои во скоро време ќе бидат асфалтирани. Во моментов се реконструира улицата „Езерци“, рече Јакимовски. Додаде дека извршена е подземна реконстукција на инсталации и поставени се нови канделабри.

Јакимовски појасни дека во урбаната заедница „Влае 1“ остануваат уште две улици, а должината на коловозите досега е 900 метри. Во рок од десетина дена се очекува завршување на реконструкција на улиците во урбаната заедница „Влае 1“.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска