Во Влада ќе пијат Добра Вода и Ладна

Од:

Тендерот вреден 1.652.000 денари за набавка на Владата со газирана и негазирана вода ја доби фирмата Магрони ДОО Скопје која се води на Ул. Градски Стадион бб Скопје-Центар.

На огласот објавен од службата за општи и заеднички работи имало само една понуда, онаа на фирмата Магрони, а избрана е поради понудена најниска цена.

Договорот е потпишан на период од една година и е склучен пред два дена а до бирото за јавни набавки е доставен денеска.

СДСМ пред предвремените парламентарни избори годинава на неколку последователни прес конференции тврдеше дека од сметката на Влада на општи уплатници се префрлени само во еден ден 1.000.000 евра на телевизија Сител, а и обелоденија и мрежа на фирми регистрирани на иста адреса или Градски Стадион бб Скопје.

Screenshot_3

Screenshot_4

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски