Во Виена претставување на проектот „Како да се направи фестивал со 100 и 1.000.000 евра?“

Од:

Биљана Тануровска-Ќулавковски и Ивана Васева ја претставуваат Македонија на фестивалот ImPulsTanz во Виена каде денеска ќе иницираат дискусија/игра „Како да се направи фестивал со 100 и 1.000.000 евра?“

Идејата потекнува од текстот „Фестивалот како микрофизика на моќта” (Фуко) во регионот и поранешна Југославија” од Ивана Васева, Елена Вељановска и Биљана Тануровска-Ќулавковски, како дел од проектот „Расшколувано знаење“ во 2012 година. Во овој текст, промената/трансформацијата на поимот, структурата и значењето на фестивалите е дадено низ краток преглед исто како и современото поимање на терминот во контекст на земјите од поранешна Југославија.

– Овој проект поттикнува на размислување надвор од познатото: какви можат да бидат уметничките практики и со тоа уметноста што ја промовираме и продуцираме кога многу добро сме запознаени со границите кои мораме да ги скршиме со цел да овозможиме свеж и нов воздух на уметничката сцена и со тоа да не бидеме жестоко приврзани за фондовите. Исто така, овој проект ја преиспитува улогата/ите на кураторите и програмерите и како оваа улога ја оформува политиката, економијата и контекстот, наведуваат авторките на проектот „Како да направиш фестивал за 100 или за 100.000 евра?”.

Тој досега беше претставен на фестивалот за современ танц Locomotion во 2014 година, на АКТО фестивалот за современа уметност во Битола во 2015, на Co-festival Ljubljana во 2015, како и на регионалното биенале за кореографија Re//Dance во Букурешт во 2016 година.

ImPulsTanz е еден од најреномираните фестивали за современ танц, формиран во 1984 година во Виена од културниот менаџер Карл Регенсбургер и кореографот Исмаел Иво.Во 2012 година, фестивалот е награден со престижната награда за уметност во Австрија – Bank Austria Kunstpreis.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола