Во Вевчани излезеноста до 13 часот околу е 40 отсто

Од:

Излезеноста на гласачите во општина Вевчани на предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска  е  39,91  проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Новица Костојчиноски.

На вториот круг од претседателските избори, како што појасни тој, излезеноста на граѓаните е 39,70 отсто.

– Избирачките места во општина Вевчани денеска беа отворени на време, точно во 7 часот. Гласањето се одвива во најдобар ред, во мирна и демократска атмосфера, рече Костојчиноски.

Во Вевчани се гласа на три избирачки места. Право на глас за избор на новиот Парламент во Република Македонија имаат 2.072 гласачи, а за претседател на државата 2.069 граѓани. 

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември