Во верижен судар во Пробиштип повредени три лица

Од:

Повеќе лица се повредени по сообраќајна незгода кај „Лозовска чешма“ во Пробиштип.

– На 29.01.2022 околу 14.40 часот на регионален пат Р-1205, во близина на место викано „Лезовска чешма“ во Пробиштип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел омега“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(61) од Пробиштип, патничко возило „опел вектра“, со бугарска национална ознака, управувано од Љ.Н.(41) од Пробиштип и патничко возило „опел корса“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(42) од Кочани. Во несреќата Љ.Н. и Р.П. се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот од возилото „опел омега“, И.С.(50) од с.Неокази, пробиштипско, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница-Штип, велат од МВР.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски