Во велешко Којник изгоре стар дел од куќа

Од:

Во месноста Којник во Велес на ул. „Кирил Пејчиновиќ“ бр. 13, синоќа околу 21 часот  изгоре стар дел од куќа. Во пожарот нема жртви и со навремена интервенција на соседите кои пријавиле во пожарната  и први интервенирале додека пристигнала екипа на   противпожарната единица,било спречено пожарот да се прошири на новиот дел од куќата и на околните куќи.

Според информацијата од ППЕ во Велес, пламенот преку керамидите излегувал доста високо и се заканувала опасност да бидат зафатени електричните кабли на бандерите на улицата.

Пожарникарите интервенирале со две возила и за кратко време огнот најпрво бил ставен под контрола,а потоа и изгаснат,некаде околу 23,30 часот.

Увид на лице место направила екипа на велешката полиција  која работи на утврдување на причините на пожарот и настанатата штета.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче